Дабар 2017 заврши! Ви благодариме на учеството, како и на вашата поддршка при организацијата на овој натпревар во нашата држава.

На овој натпревар, учествуваа точно 24820 ученици од Република Македонија, со што нашата држава е меѓу оние со процентуално најголем број учесници на овој популарен меѓународен натпревар. Натпреварот го поддржаа 223 училишта.

Доколку сте земале учество во натпреварот (како наставник или ученик), информации за вашиот сертификат (и постигнатите резултати) можете да најдете тука. Повеќе информации можете да добиете кај вашиот наставник.

 

   Информација! Натпреварот е завршен, а системот е ажуриран и дозволува создавање на сертификати за сите учесници на натпреварот, преглед на сопствените резултати (за учениците), и преглед на постигнувањата на сите ученици од училиштето (за наставниците).

Овој документ содржи основни информации за натпреварот, како и сите задачи и решенија кои беа дадени на овогодинешното издание на Дабар 2017 во Република Македонија.

Истиот е во pdf формат, и е погоден за читање на компјутер, како и за печатење. Наставниците можат да одберат кои задачи и решенија ќе им ги презентираат на нивните ученици за време на некој час по натпреварот. Имајте во предвид дека задачите на почетокот на документот се полесни, а они при крајот потешки.

 

Статистика

На натпреварот учествуваа 24820 ученици од Република Македонија, од голем број основни и средни училишта во државата. Во продолжение, дадени се подетални информации за реализацијата на натпреварот во Република Македонија.

Основни училишта

Натпреварот се спроведе во 160 основни училишта во Република Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 1-во до 9-то одделение, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

Од десната страна е прикажан бројот на ученици по одделенија, поделени по пол (машки и женски).

* Листа на основни училишта кои учествуваа на натпреварот


 

Средни училишта

Натпреварот се спроведе во 63 средни училишта во Република Македонија. На него можеа да учествуваат сите ученици од 1-ва до 4-та година средно образование, користејќи ги компјутерите во нивните училишта.

* Листа на средни училишта кои учествуваа на натпреварот

 

 

Реализација на натпреварот


Натпреварот се одржа во одлична атмосфера и беспрекорна организација на целиот тим.

наставник во основно училиште

​Се течеше во најдобар ред. Учениците уживаа и им беше многу интересно!

наставник од Скопје

 


Други натпревари

Дополнително, Здружението на информатичари на Македонија сака да ги информира сите ученици и наставници дека постојат и неколку други натпревари кои се организираат во Македонија, а преку кои можете да бидете избрани и да ја претставувате нашата држава на меѓународни настани, и да патувате на балкански и интернационални натпревари по информатика.

Повеќе информации можете да добиете на веб сајтот на ЗИМ: http://cs.org.mk/index.php/natprevari.

На веб-сајтот http://mendo.mk има и систем за учење и подготовка за натпревари по информатика, како и автоматско тестирање на вашите решенија. На истиот, можете сами да започнете со учење и вежбање, во било кој период од денот. Овие натпревари се поврзани со програмирање, и системот има материјали за учење на основите на програмскиот јазик C++, алгоритми, структури на податоци; како и задачи од повеќе регионални, национални и меѓународни натпревари.